Почетна > Македонија > Борче Наумовски – Министерот за естрада: 35 фестивали, 30 години кариера и голем концерт во Битола (Фото)

Борче Наумовски – Министерот за естрада: 35 фестивали, 30 години кариера и голем концерт во Битола (Фото)

///
Comments are Off

Борче Наумовски – Министерот за естрада е едно од ретките имиња во македонската музика кое може да се пофали со навистина богата фестивалска историја. Од 1995 година до денес, тој има настапено на околу 35 фестивали низ Македонија, што го прави еден од најпосветените и најактивните уметници на македонската музичка сцена.

Својата кариера ја започнува на фестивалотТримери“ во 1996 година, а само една година подоцна (1997) настапува наТетовски фолк фест“, „Цветници иФолк Фест Валандово“.

„Три фестивали во една година и три нови песни – тоа беа други времиња кога фестивалите беа настан“, раскажува Наумовски, кој уште тогаш бил нарекуван „фестивалско дете“.

Во својата кариера има настапено: шест пати на Фолк Фест Валандово“, пет пати на „Прилеп Фолк Фест“, три пати на фестивалот Цветници“, три пати на Охрид Фест – Охридски трубадури“, три пати на Серенада фест“, четири до пет пати на Роса Фолк Фест“ (каде и годинава повторно ќе биде дел со нова композиција).

За време на сите овие години, Наумовски освоил голем број награди – и од жирито и од публиката. Некои од најзначајните се: Победник на „Прилеп Фолк Фест“ 2010 со песната „Песна љубовна“, Победник на Фолк Фест Валандово“ 2012 со хитот „Друга жена не сакам“, Награда за најдобар дебитант и многубројни први, втори и трети места на различни фестивали.

„Наградите порано беа симболични – статуетка или благодарница. Но, чест и гордост беше да се биде дел од фестивал и да се пее пред илјадници гледачи,“ вели Министерот за естрада.

Зад себе има четири студиски албуми, а иако самиот вели дека нема „преголеми“ хитови, сепак неговите песни се препејуваат и препознаваат насекаде низ светот. Посебно е барано име кај македонската дијаспора – во Австралија, каде што и живеел, како и во Шведска, Данска, Швајцарија, Австрија, Германија. Настапите таму се вистински празник за нашите луѓе, кои неговите песни ги пеат во еден глас.

По повод јубилејните 30 години музичка кариера, Борче Наумовски – Министерот за естрада, најавува голем солистички концерт во Битола. Настанот ќе биде дел од годинешниот Бит-фест – Битолското културно лето, а ќе се одржи во уникатниот амбиент на античкиот амфитеатар Хераклеа Линкестис. Вечерта ќе бифе празник на музиката и емоциите. Наумовски, кој три децении е присутен на македонската музичка сцена, ќе ги изведе своите најголеми хитови, но и нови песни, во придружба на бројни музички пријатели, колеги и соработници, како и Камерниот оркестар на Битола.

„Ова ќе биде концерт за паметење, со многу музика, емоции и изненадувања. По 30 години на сцена, мојата љубов и енергија кон музиката се уште се исти како првиот ден,“ изјави Министерот за естрада.

Публиката во Битола ќе има ретка можност да ужива во ретроспектива на неговото богато творештво, а самиот избор на Хераклеа како концертна сцена му дава дополнителна симболика и големина на настанот.

Може да ви се допаѓа и
Нада Мамула: Од љубов кон музиката до забранета песна што ја сакаше Јованка Броз
„Старата Авлија“ – нова песна на Николче Симоновски-Јошката за неговото Јени Маале премиерно само на Балкан Мјузик (Фото+Видео)
Се снимаат новите продолженија од „На Здравје“ – ѕвездена музичка дружба во Македонско село (Фото+Видео)
„Синтезис“ ја претстави Македонија во Индија: Гајда, тапан и вокали што обединуваат култури (Фото)