Со задоволство и посебна чест сакаме да ве информираме дека музичкиот серијал „На Здравје“ продолжува со снимање на нови епизоди, и овој пат во убавиот и автентичен амбиент на Македонско село, кое се наоѓа на падините на Водно во Скопје. Вчерашниот ден помина во духот на песната, смеата и традицијата, а камерите на Балкан Мјузик телевизија повторно ги забележаа искрените моменти на едно вистинско македонско музичко дружење.
Водителот Орде Неделковски пак, повторно беше главниот домаќин кој со својот шарм и препознатлив стил внесе дополнителна топлина во атмосферата.



На снимањето учествуваа голем број реномирани и омилени македонски пејачи и музички имиња:
- Елена Велевска,
- Кате и Трајче Соната,
- Душко Георгиевски,
- Марко и Ема од групата Плетенка,
- Благоја Грујовски,
- Емилија Иванова,
- Кристијан Тасевски,
- Горан Стоилков,
- Дарко Стојановски, и уште многу други кои со своите настапи ја збогатија вечерта.
Публиката ќе има можност во следниот период да ужива во нови музички епизоди исполнети со добро познати македонски народни песни, но и со нови изненадувања кои секогаш се дел од концептот на „На Здравје“.



Снимањето на новите епизоди од музичкиот серијал „На Здравје“ во комплексот Македонско село уште еднаш потврди дека ваквите проекти се вистинска вредност за зачувување на традицијата и за промоција на македонската песна и култура, а емитувањето на најновата сезона од музичкиот серијал „На Здравје“ ќе стартува на 5-ти октоври на најгледаната музичка телевизија во Македонија – Балкан Мјузик тв.
Текстот го подготви: Иван Јосимовски