Почетна > Арт Студио Продукција > Идает Сејфулов во свој стил: „Испрати ме мајко“ добива нова душа (Фото)

Идает Сејфулов во свој стил: „Испрати ме мајко“ добива нова душа (Фото)

///
Comments are Off

Во текот на вчерашниот ден, познатиот македонски музичар (кларинетист и саксофонист) Идает Сејфулов заедно со Арт Студио продукција и Балкан Мјузик телевизија го сними новиот видеоспот за преработката на безвременската македонска народна песна „Испрати ме мајко“.

Со свој препознатлив аранжман и топол кларинетски израз, Идает ѝ даде нов живот на песната која со генерации живее во срцата на македонскиот народ. Снимањето, како што самиот вели, поминало во одлична атмосфера полна со позитивна енергија, што според него е најбитната состојка за еден вистински уметнички производ.

Видеоспотот се снимало на повеќе сценографии, внимателно избрани за да ја доловат емоцијата на песната. Од интимни кадри до визуелни приказни што ја раскажуваат тежината на разделбата со блиските, целиот процес бил исполнет со креативност и професионализам.

“Презадоволен сум од сè – од тимот, од атмосферата, од начинот на кој ја пренесовме емоцијата преку кадрите”, изјави Идает, најавувајќи дека наскоро видеото ќе биде достапно за јавноста.

Со овој проект, Идает Сејфулов уште еднаш докажа дека традицијата може да добие ново руво, без да ја изгуби својата длабочина и вредност, токму преку музиката која зборува на универзален јазик – јазикот на срцето.

Може да ви се допаѓа и
Елена Андоновска со голем концерт во чест на Васка Илиева: „Од Македонија во туѓина“ на 4 август во Охрид (Фото)
Историски момент: По 35 години ПГП РТС повторно објави албум на македонски уметник – „Балкански жубор“ на Проф. д-р Јове Кекеновски (Фото)
Со голем музички спектакл во Хераклеа Борче Наумовски – Министерот ќе одбележи 30 години музичка кариера (Фото)
Македонски артист и продуцент меѓу 12-те најдобри во регионот (Видео+Фото)