Почетна > Македонија > „Танец“ со величествен велигденски концерт ја отвора сезоната

„Танец“ со величествен велигденски концерт ја отвора сезоната

///
Comments are Off

Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ и оваа година го најавува својот традиционален велигденски концерт, кој ќе се одржи на 16 април (вторник) во Националната опера и балет, со почеток во 20 часот.

Програмата ќе понуди богата палета од автентични македонски ора и игри, меѓу кои се издвојуваат „Мијачка“, „Кавадарка“, „Драчевка“, како и преспански и поречки народни игри, внимателно подготвени и оживеани од мајсторите на сцената.

Како дополнување на фолклорното доживување, ќе настапат вокалните солисти и хорот на „Танец“, со изведби на традиционални народни песни, кои го доловуваат духот, ритамот и емоцијата на македонскиот народ.

„Нашата основна дејност и должност е да ја одржуваме традицијата и да ја крепиме од заборав. На прагот сме на новата сезона и како и секоја досега, традиционално ја започнуваме со велигденски концерт“, велат од ансамблот „Танец“.

Концертот претставува не само културен настан, туку и потсетник на богатото македонско наследство, кое „Танец“ со децении го негува, пренесува и промовира дома и во светот.

Билетите се достапни преку продажната мрежа на КупиКарти.мк, а интересот е традиционално голем, па љубителите на македонскиот фолклор се повикуваат навреме да ги обезбедат своите места.

Може да ви се допаѓа и
Јордан Митев испиша 20 години македонска музичка историја со песна за својот син (Видео)
Најгледната музичка телевизија во Македонија – Балкан Мјузик телевизија подготвува спектакуларна новогодишна програма со над 70 македонски музички ѕвезди (Видео)
Во пресрет на празниците: Домашна музика, топло расположение и добро друштво во новото издание на „На здравје“ (Видео)
Замолкна гласот што нè учеше да слушаме музика – почина Драган Б. Костиќ