Почетна > Македонија > „На здравје“ и оваа недела повторно носи музика, емоции и македонски спој на генерации (Видео)

„На здравје“ и оваа недела повторно носи музика, емоции и македонски спој на генерации (Видео)

///
Comments are Off

По напорна работна недела, доаѓа време за опуштање, уживање и вистинска музичка прослава. И овој викенд, неделата е резервирана за емисијата што ги обединува генерациите и внесува радост во секој дом – со нова епизода од четвртата сезона на музичкиот серијал „На здравје“.

Со почеток во 20 часот на најгледаната македонска музичка телевизија Balkan Music TV, гледачите ќе имаат можност да уживаат во автентични изведби на македонски евергрини, нови хитови, како и незаборавни настапи од врвни музички имиња. Пееме, играме, славиме – сè тоа со препознатливата енергија на емисијата која стана традиција за секоја недела.

„На здравје“ не е само телевизиска програма – тоа е чувство. Тоа е момент кога семејството се собира, кога срцето пее, а мислите патуваат низ убавините на македонската музика. Пееме, играме и славиме – со препознатливата енергија и емоција која ја прави оваа емисија вистински неделен ритуал. Да не заборавиме да споменеме дека музичкиот серијал „На здравје“ се емитува и на телевизија Алфа околу 16 часот и 15 минути.

Пуштете го телевизорот, подгответе кафенце или чаша вино, и нека започне викендот со насмевка и со музика.

На здравје!

Може да ви се допаѓа и
Кога сите ја отпишаа „Јорговани“ – само Весна Змијанац знаеше дека ќе биде хит (Видео)
Чолиќ повторно удира во срце: „Не дај да остарим сам“ е новата химна за љубовта (Видео)
Емоција, љубов и музика: Вукица Челебиева со видеоспот ја промовираше новата песна „Златен клуч од срцето“ (Фото+Видео)
Jack Daniel сними нов спот за песната „Во Скопје“ – фанк атмосфера на скопските улици (Фото)