Во најновата епизода на музичкиот серијал „На здравје“, се пееше, се играше и, се разбира, се славеше музиката како што доликува. Водителот Орде Неделковски и групата „Круна“ повторно собраа врвни пејачи, кои со своите изведби ги размрдаа и најмирните гледачи.
Првата што го запали шоуто беше Лени Партикова со својата емоционална изведба на „Искрена љубов се бара“ – ајде, кој не бара искрена љубов денес?
Младиот Игор Андреевски ја отпеа „Мори моме Магде“, па беше невозможно да не заиграме, додека Вукица Челибиева со народната класика „Стани моме да заиграш“ ја направи магијата комплетна.
Настапот продолжи со Андријана Костадиновски, која не’ потсети на љубовните воздишки со „Не можам душо да те заборавам“, а Љупчо Јовановски ни подари носталгија со добро познатата „Цветините очи черепови“ – песна што никогаш не старее.
Сцената ја презеде Марија Петковска, внесувајќи силни емоции со „Пуста желба“, а Виолета Пандова гордо запеа „Македонска сум“ – песна што секој Македонец ја чувствува длабоко во срцето.
Фолк-дивата Елена Велеска ја разигра атмосферата со „Родена за веселба“, како што и доликува на ова музичко дружење.
Специјален гостин беше фолк-легендата Душко Георгиевски, кој откри дека тајната за долготрајна кариера е – љубовта кон музиката и упорноста.
„Секогаш прифаќам песни што ми се допаѓаат мене и на мојата публика“, рече тој, пред да ја запее својата незаборавна „Маре мори Маре“.
Но, тука не застанавме! Групата Круна ја запали сцената со култната „Три кила банани“, а младата Пантелија Тодороска внесе џумбуш со истоимената песна.
А, бидејќи без Саид Идоли нема фешта, тој ја отпеа „Што ќе ми се пари“, потврдувајќи дека за добра веселба не е важно колку имаш – туку колку знаеш да уживаш.
И како што започна, така и заврши оваа епизода – со многу музика, енергија и насмевки!