За разлика од минатата емисија, во новата премиерна “Моја свадба” нашата Криси ќе си поразговара со младиот актер – комичар Бојан Велевски. Публиката го памети како Ице од “Наше маало” од каде несомнено започнала неговата љубов кон актерството, што подоцна довела да дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Бојан е првиот македонски комичар што се претставил пред хрватската публика во најреномираниот стенд-ап клуб од бившите ЈУ-простори, “Студио Смјиеха”. Неговата желба за близок и непосреден контакт со публиката му овозможува слобода на изразување и задоволство дека на тој начин барем за миг ги опушта присутните. Од неодамна дојде на оргинална идеја својот стенд-ап насловен како “Just married” да им го понуди на брачните парови за време на семејните веселби. За тоа како гостите го прифаќаат неговиот начин на хумор поврзан со бракот и околу него, низ релаксиран разговор ќе ни раскаже самиот тој.
Емисијата на музички план ќе се збогати со песни од познатите “Мераклии” кои останаа музички недоречени од минатиот пат….а потоа заминаа во својата втора татковина, Швајцарија…
Недела (13:30), фреквенција BalkanMusicTv, една поинаква емисија за едно поинакво неделно пладне…