Втората половина од 2022 дефинитивно ќе биде во знакот на она што го подготвува Борче Наумовски. Наместо релаксирано покрај море, на социјалните мрежи се пофали дека деновиве со летните горештини се справува – од студио. Сребрениот јубилеј од 25 години на музичката сцена ќе ги одбележи со нов албум кој, според најавите, ќе биде издаден есенва.
Само изминатава недела Наумовски сними две нови песни: „Живот мераклиски“ и „Туѓина пуста јабана“. Првата песна е комплетно дело на Славко Ристовски. За втората песна текстот и музиката ги напиша Боби Поповски а зад аранмжанот стои маестро Кирил Стојчевски. Песните се снимени во студиото ProSound во Прилеп.
Но, подготовките за албумот не се единствени на агендата на Ристовски. Следната недела ќе биде меѓу 28-те учесници кои ќе настапат на фестивалот за избор на летен хит за 2022 година во Кривогаштани. Од поголемите настани, пак, догодина го чека мега турнеја во Австралија со Сузана Ѓавазова. „Министерот“ за „Балкан мјузик“ вели дека е многу возбуден што повторно ќе се дружи со македонската дијаспора, гордо истакна дека сите концертни сали се букирани и се надева дека настапите, закажани за месеците март и април, ќе поминат во најдобар ред.