Ако сакате да се развеселите заедно со некоја музичка нумера, тогаш ви ја препорачуваме новата “Свири гајдаџи” на нашиот популарен Дамјан Стојаноски. Неговите обожаватели ќе кажат дека милуваат кога ги исполнува македонските патриотски песни, но богатството на еден изведувач се состои во разновидноста. По првото слушање на “Свири гајдаџи” веднаш ви станува јасно дека на повидок е еден нов музички хит кој долго време ќе ја весели публиката. За текстот и музиката се погрижи самиот Дамјан, а аранжманот е на искусниот Дамир Имери. Колегите од ВИС “Аманет” одлично се вклопија во мелосот на песната и тоа…Андреј Трајковски на гајда и Симона Петковска и Ивана Чаловска-Ангеловска како женски вокали. Видео записот се снимаше во соработка со “Арт студио” – продукција следејќи го новиот модерен тренд на снимање спотови.
Оние кои ја слушнале новата “Свири гајдаџи” на Дамјан Стојаноски, велат дека песната е вистинско музичко освежување кое ни е потребно токму сега и овде…каде живее народ со срце и кој сака секој слободен миг да го искористи во славење на животот. Каде народот сака да ужива со самите почетни звуци на гајдата и сите народни традиционални инструменти, звуци кои поткреваат на веселба. Ви предлагаме да слушнете и самите да се уверите во тоа…