Почетна > Македонија > “Евровизијa” – оваа година “јуришаме” со Васил Гарванлиев…

“Евровизијa” – оваа година “јуришаме” со Васил Гарванлиев…

///
Comments are Off

Кога енергијата што ја трошиме за, околу и после “Евровизија” би ја користеле за нешто друго, чуда би создавале. Затоа што нас господ такви не создал – емотивни и ние во се се внесуваме целосно, онака “до коска”. Во еден момент стануваме експерти за се…и за песна, за кореографија, за стајлинг и за што ти уште не. Нашиот проблем е секогаш истиот, го сфаќаме овој натпревар сериозно (без потреба), а како “играчи” сме мали. Впрочем, лани се покажа дека и “малите” можат да им ги “замрсат” конците на големите – барем за момент. “Евровизија” е машинерија која функционира различно од нашите чувства и затоа треба секоја година едноставно само да уживаме без разлика кој отишол и со каква песна. А рака на срце сиве овие години пробавме се…

Во недела на Македонската национална телевизија ќе се промовира овогодинешната наша евровизиска песна во изведба на младиот Васил Гарванлиев насловена како “YOU”.

Истата ја работеше тимот составен од Невена Нешкоска (музика), Калина Нешкоска и Алис Шредер заедно со Невена (текст), а за аранжманот и продукцијата повторно се задолжени искусните Дарко Димитров и Лазар Цветкоски…

Васил Гарванлиев има богато музичко искуство кое низ годините го стекнал најнапред во САД, Италија и најпосле во Канада. Специфичен по својот изглед и настапи, на оваа “Евровизија” ќе проба да се прикаже во свој стил, затоа што некогаш тоа е вистинското место за самопромоција. А ние останатите…да останеме релаксирани и  со “ладни глави” да го проследиме овој настан, затоа што на крајот на краиштата тоа е само едно место за забава со разновиден микс од звуците на светот…