Кога станува збор за клупските свирки, публиката е таа која го диктира репертоарот и видот на забавата. А оние што знаат да направат добра атмосфера и луда свирка, секогаш го следат гласот на истата таа публика. Затоа постојано се ангажирани, барани и на нивните свирки се пее на цел глас. Исто како кај “Класико бенд”.
Следејќи го музичкиот тренд и постојаното надополнување и освежување на сопствениот репертоар, ја поттикна оваа екипа да сними нов кавер од микс на македонски евергрини. По тој повод членот од групата Диме Лазов ќе каже…”се одлучивме за ваков микс затоа што сакаме да ја “оживееме” таа музика која е позаостаната со слушање, бидејќи тоа се прекрасни песни и без нив не може да помине секој наш настап. Кога почнавме истите да ги свириме, добивме позитивни реакции од нашата публика што ни даде идеја сето тоа да биде и визуелно спакувано и за нашите обожаватели преку ТВ екраните. За таа цел повторно се одлучивме да соработуваме со BalkanMusicTv затоа што се одлични професионалци и имаат “широка” публика која ќе може да ужива во нашата музика.
Тука сакам да ги споменам и нашите две авторски песни “Само ти” и “Твојте зборови”. Со првата настапивме на “Роса фест 2019”, а соработувавме со Даниела Паланкова-Маџункова (музика/текст) и Васко Ристов (аранжман/аудио-продукција). Тоа е нашата прва авторска песна која е работена токму со стилот на македонските забавни евергрини. “Твојте зборови” е малку поинаква песна, затоа што сакаме да ги негуваме различните музички стилови со кои сакаме да ги задоволиме сите вкусови на нашите обожаватели. Комплетен автор на оваа нумера е Васко Ристов. Имаме многу идеи и планови за нови песни и нивна реализација…во меѓувреме продолжуваме со нашите свирки и дружења со сите оние кои таму се чувствуваат пријатно и опуштено”…