Децата се оние на кои се гордееме, децата се тие кои можеби ќе зачекорат по нашиот пат и ќе го продолжат, на децата им ја пружаме сета љубов и ги учиме и тие да даруваат љубов. А како се дарува најмногу љубов…па се разбира преку музиката.
Нашиот познат музичар Ане Миров од групата “Мераклии” има причина да се радува затоа што веќе на повидок има свој музички наследник. Тоа е неговата 10 – годишна ќерка Стефани која со музиката се дружи од најрана возраст. Освен што е ученичка во 5-то одделение, таа паралелно посетува и часови по соло пеење. Иако релативно мала, Стефани веќе до сега има снимено две поп песни (кавери) на англиски јазик, а други две македонски песни се во подготовка и треба набрзо да излезат. Секако, полесно за се е кога си имаш некој близок до себе да те насочи правилно, да ти го пренесе сето свое знаење и да го има сето време на светот само за тебе…а тоа во овој случај е гордиот тато Ане.