Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Татијана Стефановска, Демир Кантуровски и Живе Мешуревски…

“7/8” со Татијана Стефановска, Демир Кантуровски и Живе Мешуревски…

///
Comments are Off

Ниту една наша емисија од популарното музичко шоу “7/8” не личи една на друга…секоја е различна и тече на свој начин. За тоа најмногу се заслужни нашите гости кои доаѓајќи со својата енергија и даваат белег на атмосферата во студиото. А вечерва помалку ќе се зборува, ама затоа повеќе ќе се пее. Сепак, ова е шоу во кое музиката има главно место. А главни гости во вечерашната 39-та емисија ќе бидат:

-Татијана Стефановска (по документи Бежановска), фолк пејачка која најпрво слушала забавна музика за потоа да ја засака народната и таа да ја одбележи нејзината музичка кариера, одлично “фаќа” ритам на тарабука што ќе ни го демонстрира на лице место и најважно од се, по долго време успеа да се реализира и како мајка носејќи на свет малата Ана…

-Демир Кантуровски – познат виртуоз на труба кој со својот оркестар “Уска Кан” во 2013/14 година ги собра најважните награди на фестивалот Гуча…”Златна труба на Гуча” и награда за најдобар оркестар, единствен ученик кој за време на своето средно образование изведувал композиции наменети за студенти, потекнува од музичко семејство и вели дека уште од сега се знае што ќе биде и неговиот син кога ќе го добие еден ден…

-Живе Мешуревски – при крај со своите студии на Музичката академија – отсек соло пеење, на почеток ќе не поздрави со својот хит “Да си моја” во која како гостин се појавува и Демир, а премиерно ќе ја изведе и песната “Повторно да живеам”, среќно вљубен во Ангела и ако треба да избере помеѓу настап на фестивал и настап на оперска сцена, секогаш ќе ја одбере народната песна…

-гости во студиото за да ни биде повесело и пораспеано ќе ни бидат и Сашко Митев, член на aнсамблот “Танец” кој најпрво бил дел од пејачката група, а од 2007 година е инструменталиста кавалџија…и до сега најстариот учесник во нашата емисија, 72 – годишниот Славе Наумовски Чапче кој со своите изведби на кларинет ќе ни ги “развезе” низ студиото нумерите “Чардак” и “Битолски вез”…

– и без оние кои што не се може – Анета + Јовица + група “Молика” – секогаш расположени и спремни за добра песна и музика…

За сите верни гледачи, за сите љубопитни кои не следат кога ќе стигнат и за сите кои велат дека не не гледаат, а ѕиркаат со “едно око”…вечерва 20 часот…фреквенција BalkanMusicTv…еден за сите – сите за еден во музичкото шоу “7/8” заедно со нашата Анита Даева…