Почетна > Балкан > Џеј Рамадановски – бурен живот, тивко заминување…

Џеј Рамадановски – бурен живот, тивко заминување…

///
Comments are Off

На 6-ти декември како последица од срцеви проблеми почина српскиот пејач, (со македонски корени) Џеј Рамадановски. Неговиот живот како роман со тажна приказна…дете на разведени родители, младост помината во воспитно поправен дом за малолетници, по отслужување на војниот рок повторно денови поминати на улица и исполнети со ситен криминал, хонорарно пеење по локални ромски веселби се додека не го воочила познатата авторка на најголемите хитови во регионот, Марина Туцаковиќ. Со нејзина помош Џеј својот врв на популарност го доживува во почетокот на 90-те години кога ги снимил и своите најпопуларни албуми. А песните исти како неговите денови…од тажни балади до весели и темпераментни рефрени (“Недеља”, “Сунце љубави”, “Имати па немати”, “Угасила си ме”, “Зато”, “Ко се снама дружи”)…

Последните денови од својот живот Џеј Рамадановски ги поминал во својот дом во строг карантин, далеку од своите блиски пријатели и дружењата…далеку од боемскиот живот за кој многупати кажуваше дека и покрај здравствените проблеми многу му недостасува.

Не знаш ти како је имати па немати

не знаш ти како је љубити па губити

не знаш ти како је нормалан бити па полудети

не знаш ти и никад нечеш сазнати,

не знаш ти како је нормалан бити па полудети

не знаш ти, а све то због љубави…