Денес по тешка борба со коронавирусот, во својата 45-та година од животот почина Бојан Златановиќ – Токан, тапанар на популарната група “Амадеус бенд”. Токан беше составен дел од ова музичко семејство уште од самото формирање на бендот, човекот кој со своите вешти раце го даваше ритамот на песните, познат и по својот убав глас со кој многупати знаеше да ги изненади своите пријатели и публиката, човек со ведар дух кој секогаш беше добредојден при долгите патувања на бендот. Смртта на Токан е тежок удар од кој сеуште не можат да се соземат неговите колеги и браќа по музика “Амадеус бенд”…затоа нивните последни зборови за збогум се полни со тага, болка и ветување дека нивниот сакан Токан ќе продолжи да живее низ музиката на бендот…до последниот здив!!!