Од Битолскиот крај звуците на музиката секогаш ни доаѓаат заедно со убавината…така било отсекогаш, така си останало. Да се одржи континуитет во музиката не е така лесно како што се мисли, потребни се години работа и пожртвуваност, што би рекле самите тие “ние си знаеме како ни е”. Да запееш секогаш со насмевка на лицето, да застанеш пред публиката и кога имаш камен на срцето, патиштата да ти бидат секојдневие…живот што од страна изгледа лесен, ама “тие си знаат како им е”. Но на крајот песната што ни ја даруваат влијае и на нашите животи, а тоа знаат да го почувствуваат само вистинските уживатели на добрата музика…
Во соработка со “Арт студио” – продукција и BalkanMusicТv позната фолк пејачка Татијана Стефановска во вистинско време ни носи ново музичко освежување. Станува збор за студиски видео обработки на нејзините хитовски песни “Џумбуш”, “Дајте песна”, “Посебна” и “На свадба ми дојдоа”, сето тоа заокружено со нова песна под наслов “Горчлив шеќеру”. Како автор на музиката и аранжманот се потпишува познатиот Златко Миладиноски на текст од Катерина Солаковска што заедно со изведбата на Татијана својствена само за неа, ветува уште еден нејзин голем хит. Како музичка подршка на овие студиски обработки се приклучи и самиот Златко Миладиноски со своите одбрани колеги и музичари.
Со песните и енергијата која секогаш ни ја носи нашата Татијана Стефановска, уште еднаш ќе се потврди дека публиката на BalkanMusicTv го заслужува само најдоброто…затоа што така било и така ќе си остане!!!