Почетна > Балкан > MAC 2020…Музички празник што обединува

MAC 2020…Музички празник што обединува

///
Comments are Off

Вчера по втор пат сите познати музички имиња од Балканот повторно се најдоа на едно место…”Штарк Арена” во Белград на големиот музички спектакл MAC 2020. Дека сме исти кога станува збор за музиката, дека сите зависиме едни од други кога станува збор за создавањето на песните, дека секој изведувач тежнее кон што поголем број на обожаватели и публика, сето тоа како да го почувствувале и организаторите кога дошле на идеја како музички да се обедини регионот. На целиот настан му предходеше пристигање, фотографирање и куси разговори со поголемите ѕвезди по теркот на сите познати светски збиднувања од тој вид. Оваа година продукцијата “Skymusic” ни покажа уште пораскошна сцена со многу технички и светлосни ефекти со кои гледачите во арената, но и онаа милионска публика покрај ТВ екраните ја оставија повторно без здив…

Од она што можеше да се види и почувствува, меѓу сите музички изведувачи имаше одлична позитивна енергија и добро расположение. За тоа секако се погрижија и повеќето водители на настанот, меѓу кои и нашата Тамара Тодевска. Награди и наградени имаше многу и во различни категории, а некои од нив беа и Наташа Беквалац, Нина Бадриќ, Марија Шерифовиќ, “Парни Ваљак”, “Ван Гог”, Петар Грашо, Тијана Дапчевиќ и “Фрајле”, Александра Пријовиќ, Саша Матиќ итн. Иако имаше во скоро сите категории по еден наш претставник за награда, единствено Влатко Лозаноски успеа да ја собере наградата за најдобра регионална поп-фолк песна (Мајко). Затоа пак нашата Калиопи ги распамети сите присутни во “Штарк Арена” со својата изведба на “Бато” во живо и уште еднаш покажа и докажа дека е вистинска музичка поп дива. Лепа Брена пак имаше најгламурозен настап во кој успеа дури три пати за се пресоблече, со микс на три нејзини големи хитови и многу статисти на сцената…

Награда за животно дело доби пејачот Оливер Мандиќ чии песни сеуште ги слуша и новата млада генерација. За придонес во музиката наградата и се додели на Лепа Брена. За оставен впечаток во народната музика постхумно наградата му припадна на Шабан Шаулиќ, а ја прими неговата ќерка Илда. Во чест на прерано починатиот рап пејач Гру следуваше заеднички настап на дел од неговите колеги и пријатели. И на крајот на популарната словенечка пејачка, раперка и текстописец – Сенида и беше доделена и наградата Golden MAC, за нејзината исклучително успешна 2019 година, за која таа искрено посака барем половината и оваа година да и се повтори на музички план…

Дека беше посебно, забавно и спектакуларно во секој поглед – беше. Следуваат денови со размена на впечатоци и прераскажувања…