Почетна > Македонија > Ѓорѓи Желчески – “замина” амбасадорот на македонската песна

Ѓорѓи Желчески – “замина” амбасадорот на македонската песна

///
Comments are Off

Оние што цел живот пеат во дуети знаат дека со својот музички партнер треба да “се претопиш” во едно, да дишеш како еден, да пренесеш две емоции како една. Низ годините што поминале македонската музичка сцена имала повеќе славни дуети кои успешно не презентирале овде дома, но и пошироко во светот. Еден од нив беше и прочуениот дует Селимова – Желчески од чии грла беа испеани многубројни авторски  хитови, но и безвременски народни песни. Судбината ги споила уште далечната 1959 година во Титово Ужице, но дури 1961 година Кевсер Селимова добива покана од Ѓорѓи да почнат со заеднички настапи. Љубовната искра помеѓу нив се појавила уште на почетокот, ама ќе поминат долги 18 години додека да стапат во брак. Самиот Ѓорѓи ќе каже за тоа време дека повеќе му годел ергенскиот живот, “но доаѓа момент кога сфаќаш дека животот и годините бргу поминуваат”. На почетокот тие настапувале повеќето овде низ Македонија, а потоа нивниот животен и музички пат ќе ги однесе во Белград, нивното постојано место на живеење. И тогаш останаа доследни во пеењето и ширење на македонската песна и култура низ долгите години на богата кариера…

На 15 ноември 2013 година со концерт во “Домот на АРМ” во Скопје го одбележаа својот јубилеј “Пет децении творештво”….години како амбасадори на македонската песна секаде каде патуваа по светот. Ќе останат во нашата меморија како музички и животен пар чија изведба се слеваше во беспрекорна мелодија, надополнета со нивните погледи од кои чиниш си ги читаа и мислите. Исто како со својата сродна музичка душа…