Почетна > Македонија > Адријана Ацевска – пееме и кога срцето ни тагува…

Адријана Ацевска – пееме и кога срцето ни тагува…

///
Comments are Off

Атрактивна, постојано актуелна и различна од другите…се само некои од зборовите кои ја опишуваат нашата позната поп-фолк пејачка Адријана Ацевска….или како што сите милуваат да ја кажат – Адријана Кеш. Е сега, таа приказна е нешто сосема друго, нешто што започнало далечната 2010 година кога на Адријана и била понудена песната “Кеш” за која и самата таа била скептична како ќе ја прими публиката. Но дека некогаш човек вреди да ризикува за да добие, се покажа со овој нејзин мега хит кој направи бум на македонската музичка сцена и остана запаметен како голем хит кој прави еуфорична атмосфера и луѓето го сакаат (иако некои лажно негираат). Повеќето нејзини песни од тој период па наваму се во тој модерен жарн и ритам кој беше карактеристичен за тоа време, но тоа не значи дека нашата Адријана не милува и љубовни балади како и печалбарски песни…

Фазата што секој музички изведувач ја поминува со текот на годините е неминовна. Ако си навистина роден за оваа, не така лесна професија, ќе ги пребродиш успешно сите пречки и ќе останеш “на површината”. И самата Адријана ќе каже дека “кога ќе те стигнат тажните моменти, ги проголтуваш солзите и продолжуваш да пееш”…

Деновиве во соработка со “Арт студио” – продукција, таа направи студиска видео обработка на некои од нејзините најголеми музички хитови. Со тоа гледачите на BalkanMusicTv повторно ќе уживаат во овие нумери, само во едно сосема друго “пакување”. До следната идеја или музички проект дозволете си вашите слободни мигови да бидат исполнети со музика….нешто што ги полни нашите животни батерии!!!