Почетна > Македонија > Простување од Емрах Мехмеди…

Простување од Емрах Мехмеди…

///
Comments are Off

Денес ненадејно не напушти нашето “вечно момченце” Емрах Мехмеди… со весели очи од кои блескаше животот и љубовта, љубовта кон најблиските, најсаканите, пријателите, кон песната и музиката. Горд на своето место и народот со кој растеше и созреваше, неговата животна патека го одведе кон магијата на музиката. Низ своите песни, тој на светот му ја раскажа приказната за својата Жировница, за нејзините убавини, но и за тажното заминување од неа, за печалбарството….и уште многу други приказни, за жал останаа нераскажани, неотпеани, недонесени на крилјата на нотите…

Со грутка во грлото, се простуваме од нашиот музички пријател Емрах кого имавме чест да го познаваме, да соработуваме и заеднички да пееме. Со пристигнувањето на тажната вест за неговата ненадејна и прерана смрт, пристигна и тагата во нашите срца за еден млад човек, татко, сопруг, роднина, пријател, колега, музичар… тагата за една распеана душа која наеднаш ни исчезна од нашите дланки, каде беше до пред малку…

Почивај во мир, младо наше “момченце”!!!