Почетна > Арт Студио Продукција > 4U Band ги оживува македонските евергрини со нови кавер изведби

4U Band ги оживува македонските евергрини со нови кавер изведби

///
Comments are Off

4U Band наскоро ќе ја изненади македонската публика со специјална серија кавери, кои ќе се емитуваат на најгледаната музичка телевизија во Македонија – Балкан Мјузик ТВ. Со оваа иницијатива, бендот сака да ги оживее најубавите македонски поп хитови и евергрини, но во свој уникатен стил, со свежа и автентична изведба.

Бендот, кој постои повеќе од шест години како трио, во последните девет месеци работи во проширен состав, носејќи нова енергија и уште поголема музичка динамика. Членовите на 4U Band сами го избраа репертоарот, со цел да потсетат на безвременските хитови, но и да вратат во етер некои подзаборавени бисери на македонската поп музика.

Меѓу песните што ќе бидат дел од овој проект се „Учам од најдобриот“ (Магдалена Ена Цветкова), „Ноќна кралица“ (Ерзана), „Само мој“ (Тања Царовска), „Еј остани“ (Зијан), „Мене место не ме фаќа“ (Дуле и Коки), „Името мое“ (Багаж), „Во коси да ти спијам“ (Тоше Проески) и многу други познати рефрени кои публиката ќе има привилегија да ги слушне во едно ново светло.

Аудио снимањето се одвиваше во „MT Music Studio“ кај реномираниот Мендо Ташкоски во Прилеп, додека за видеото се погрижи Арт Студио продукција, позната по своите врвни визуелни реализации.

Со овој проект, 4U Band не застанува тука! Бендот најавува уште многу вакви изведби, нови видео записи и креативни кавер-проекти кои ќе продолжат да ја негуваат македонската музичка традиција и да ѝ дадат нов живот на омилените песни на генерации слушатели.

Може да ви се допаѓа и
„Бисер Јадрана 2025“ – Музичко патување кон врвот
Кирил Џајковски со филмски оркестар – Музичка ноќ на 6-ти април
Северина покажа големо срце: Виралниот момент со Леоне Павлашијан кој го освои интернетот
„На здравје“: Уште една неделна вечер исполнета со македонска музичка магија!