Вистинскиот музичар, композитор или текстописец секојдневно го инспирираат сите нешта поврзани со неговиот живот. На напливот на чувствата се зема инструментот или пенкалото во рака и бум….се раѓа нова песна. Се разбира, жената и понатаму останува најголема инспирација за секој од нив, особено ако си вљубен и среќен поради тоа…
Јордан Митев е човекот кој години наназад ни подарува многубројни љубовни песни посветени на жената. Во пресрет на празникот 8-ми март ја дочекавме и новата нумера “Жена за 100 години” чиј комплетен автор е повторно самиот тој, снимена во студио “Анастасија” (аудио продуцент – Љупчо Павловски). За неговите обожаватели, но и за останатите слушатели ова е уште една песна во која Јордан вметнал дел од самиот себеси, што несомнено се чувствува од наредените зборови. Сето тоа добива на поголем ефект врз публиката заедно со неговите изведби, што го прават посебен и различен од другите фолк пејачи…
За сите што го сакаат, слушаат и ја почитуваат неговата работа, Јордан Митев подготвува јубилеен концерт по повод својата 15 – годишна музичка кариера. Истовремено е ангажиран околу новиот албум со 10 авторски песни кој уште повеќе ќе го збогати целиот настан. Како место погодно за концертот освен Скопје се споменува и Радовиш, местото од каде потекнува Јордан и за кое тој постојано истакнува дека е центарот за неговата творечка енергија. Во очекување на сите музички планови, слушајте ги неговите песни со кои денот секогаш добива нова смисла, нова енергија и нова сила која вели: ”Cе поминува, се е возможно, со вистинската песна и љубов”…
Гледајте BalkanMusicTv – слушајте го Јордан Митев!!!