Почетна > Македонија > “Јас и Ти” – љубовна балада на новото музичко име Зорица…

“Јас и Ти” – љубовна балада на новото музичко име Зорица…

///
Comments are Off

За љубовта вреди секогаш да се пее…и кога љубиш и кога те љубат, и кога си тажен и кога си бескрајно среќен. Таа како неисцрпна инспирација раѓа најмногу музички хитови испишани со моќни зборови и ноти, излезени дирекно од срцето.

Секогаш е интересно и возбудливо кога ќе слушнеме ново име и глас во светот на музиката. Овие денови во центарот на вниманието е едно ново име на нашата музичка сцена, едноставно потпишана како Зорица. Со оглед на тоа кој стои зад нејзината прва песна, имаме мотив да веруваме дека истата ќе стане хит кој можеби ќе изроди и други нови хитови во иднина. Станува збор за познатиот и надалеку популарниот Јордан Митев кој не ги штедеше зборовите за новото име и песна насловена како “Јас и Ти”….

-“Зорица е ново име на македонската фолк сцена. Дали ќе продолжи посериозно да се занимава со фолк музиката тоа најверојатно ќе зависи од повеќе работи во иднина. Желбата да се направи нешто квалитетно беше голема и јас во рамките на нашите македонски технички и продукциски сили дадов се од себе. Зорица е интересна личност и има специфична боја и интерпретација така да и посакувам многу среќа и успех понатаму. Рецепт и гаранција за успех нема бидејќи тоа зависи од многу фактори. Инаку, јас сум комплетен автор на песната што ја насловив “Јас и Ти”, исто така и видеото се работеше под моја режија заедно со мојот тим со кој што ги работам речиси сите мои видео записи. Главен оператор и технички реализатор на видеото е “By Zati”.

За сите вљубени срца, за сите оние кои копнеат по топол збор од саканиот, за сите оние кои воздивнуваат во ритамот на љубовта…слушнете и уживајте во вашиот, можеби омилен, музички хит на Зорица.