Секогаш е задоволство кога во популарното музичко шоу “7/8” ќе ни гостува млад пејач и згора на тоа со повод. Неодамна ја пречекавме Христина Илиоска која ни дојде право од Чикаго и ја одбра нашата емисија за промоција на својата нова песна насловена како “Без доказ”. Од разговорот со неа дознавме дека одлучила да соработува со тандемот Борче Нечовски (текст) и Дејан Момировски (музика/аранжман) поради бројните нивни хит песни. А кога за љубовта пее еден млад човек, таа мумера секогаш е исполнета со многу емоции и делува посилно на публиката.
За комплетно музичко уживање песната “Без доказ” доби и свој видео запис кој беше промовиран вчера во вечерните часови. Истиот го работеше и реализираше екипата на “Арт студио” – продукција засилени со медиумска подршка на BalkanMusicTv. Првите впечатоци на обожавателите на Христина се многу позитивни, што значи дека замислата за визуелното претставување и надополнување на текстот и музиката е сосема постигната и успешна.
Младата Христина Илиоска веќе пет години живее и работи во Чикаго. На флејта свири од својата 9-та година, па затоа и нејзините студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје се поврзани со овој нежен инструмент. Во Америка настапува и соработува со различни групи и бендови, од различни националности…едноставно затоа што ние на Балканот сакаме и уживаме во истата музика. И затоа што единствено таа сеуште не држи сплотени и во љубов.