Почетна > Македонија > „Фокус бенд” и „Арт студио” продукција во нови проекти

„Фокус бенд” и „Арт студио” продукција во нови проекти

„Двајца браќа една љубеа,еден од друг тие криеја”…

Името на оваа песна е „Двајца браќа” а тие се пет момци кои што повеќе од дваесет години донасаат хитови на македонската музичка сцена познати како „Фокус Бенд”. Во нивната песна „Двајца браќа” како што напоменавме станува збор за љубов спрема една иста девојка, а за овој текст да биде воодушевувачки секако се погрижи Борче Нечовски, додека пак на музиката и аранжманот се потпиша Дејан Момировски. И една ваква песна не би изгледала целосна доколку за неа не се добие видео запис. Во свои раце ова задолжение го зема „Арт студио” продукција и од тоа направи совршен склоп. Делови од видео записот се снимени на локација „Козјак” и село „Павлешенци”.


“Фокус бенд„ продолжуваат со работа и во најава имаме две нови песни. Едната од нив ќе биде со етно материјали, а во себе ќе носи печалбарска содржина. И овојпат тие видео записот ќе го доверат на „Арт студио” продукција, па можеме со сигурност да очекуваме нешто интересно.

-Сме гостувале на многу емисии во „Балкан Мјузик” ТВ каде што сме биле дочекани и претставени во вистинско светло, со тоа и нашата соработка со „Арт студио” продукција не застанува овде бидејќи секогаш на крајот сме и повеќе од задоволни – изјавија тие.

Освен новите песни кои што со нетрпение ги чекаме, момците работат и на многу други кавери, задолжени се за атмосферата на свадби и секако приватни забави.

Љубителите на македонската музика уште еднаш ги поздравуваме со „Двајца браќа” .