Почетна > Македонија > ЈОРДАН МИТЕВ СО НОВИ ПРОЕКТИ ЗА ЗОРИЦА – ново музичко име

ЈОРДАН МИТЕВ СО НОВИ ПРОЕКТИ ЗА ЗОРИЦА – ново музичко име

На македонската музичка сцена често знаат да се најдат нови имиња, а овојпат имаме една прекрасна дама која што дојде како вистинско освежување. Зорица ни доаѓа од Струмица, но веќе 14 години живее во Германија. Меѓутоа тоа не ја спречува често да биде на релација Германија-Македонија со цел да твори за нашата публика. Нејзината љубов кон музиката започнува уште од мали нозе, учествувајќи на училишни приредби и хорови, но професионално почнува да се бави со ова сега, кога и се укажува вистинска прилика со вистински професионалец.

Таа својот пат до кариерата го започнува со една љубовна балада за сите вљубени, чиј наслов го носи името „Јас и ти”.

Се разбира, би имала ли хит доколку не се избере вистинскиот човек, а тоа секако е ни помалку ни повеќе, туку единствениот Јордан Митев. Јордан се потпиша на музиката, текстот и аранжманот на оваа песна на Зорица. Крајниот резултат ја воодушеви публиката, а коментарите светско а наше, без неизбежни.

-Со својата прва песна покажав само еден дел од себе, поточно мојата нежна страна како што е и самата песна. Беше тешко, сепак ова е мој прв видео запис, меѓутоа на крајот од денот сум и повеќе од задоволна. -изјави Зорица за „Балкан Мјузик ТВ”.

Но, Јордан го препозна квалитетот во оваа млада дама и тие двајца не застанаа тука. Многу наскоро следува уште едно воодушевување за публиката на која што им се допадна првата песна. Овојпат ќе биде нешто поразлично, но потписот на Јордан Митев останува. Се снимаа кадрови за видео записот во „Арт студио” продукција и на уште неколку локации кои што за сега нема да ви ги откриеме. Песната ќе носи наслов „Слободна” .

-Jас имам бројни соработки зад себе со „Арт студио” продукција и „Балкан Мјузик ТВ” па со тоа доаѓа и мојата сигурност дека ќе направиме одличен финален резултат. За Зорица верувам дека ќе доживее голем успех, не застануваме тука, секако упорноста мора да е на прво место. – изјави Јордан за Балкан Мјузик ТВ.

И ние им посакуваме само големи успеси и едвај чекаме да уживаме во новата песна.