Почетна > Македонија > “СЕДИ ДОМА” – заедно со Игор Димовски…

“СЕДИ ДОМА” – заедно со Игор Димовски…

///
Comments are Off

Дека постојано трчаме низ животот обидувајќи се да се дадеме себеси на сите полиња, тоа ни е јасно и познато сите нам. Дека понекогаш немаме доволно време за да создадеме повеќе и да им го пружиме тоа на своите блиски и сакани, и тоа некогаш го гледаме како проблем. Но сега кога животот ни се смени и ни се “ускрати” трчањето по сите наши цели, семејството и љубовта кон нив добија одненадеж поголемо значење…

Познатиот композитор и хармоникаш Игор Димовски искрено е загрижен за сето ова што ни се случува, но и за тоа што ни следува во деновите што доаѓаат. Со многубројните пријатели кои ги има низ целиот свет постојано е во комуникација и размена на мислења, затоа што во моментов тоа им е заедничко на сите нив. Но од друга страна ова е еден период кој според него може да послужи за поголема креативност и продуктивност, сега кога и самиот тој е посмирен и порелаксиран од работните обврски…

Уште кога го создаде проектот “Пауза за ракија”, кој патем доживеа одличен прием кај публиката, Игор изјави дека уште веднаш почнал да размислува за нов материјал во истиот стил. И еве токму сега најголемиот дел од времето го користи на разработка и анализа за новата “Пауза за ракија 2”, музички проект кој ќе биде посложен и пообемен од предходниот. Како уметник кој ја сака перфекцијата за се она што го работи, тој постојано си поставува нови граници и височини кон кој постојано се стреми. Во моментов најмногу му недостасуваат настапите пред публика како негова душевна храна и спортските активности, вежбање, пливање и слично што секако е многу важно за физичкиот и ментален склоп на еден човек. Во сета несреќа, среќата ја гледа во времето кое сега може целосно да им го посвети на своите животни искри Грациела и Јана, во чие присуство неодамна ги дувна свеќичките за својот 33-ти роденден…

Како човек што сака да слуша разнолика, но пред се квалитетна музика Игор Димовски на сите свои обожаватели и пријатели им порачува ова време да го искористат во слушање и релаксирање со неизоставната музика. Затоа што само таа ја има моќта на подигање и носење до една друга димензија, една поспокојна димензија… BalkanMusicTv со следната негова изведба ве носи веднаш таму!!!