Почетна > Ексклузивно > Сања Цинцевa со песни за добро и весело расположение…

Сања Цинцевa со песни за добро и весело расположение…

///
Comments are Off

Кога ќе се собере екипа во чиј состав има доволно позитивна енергија која и те како ни е потребна на сите нас, успехот е секогаш загарантиран. Потврда за тоа се секогаш кратките видеа на социјалните мрежи од кои јасно се гледа во каква атмосфера течеле подготовките и потоа самото снимање. Затоа што, музичарите и изведувачите се најмногу среќни кога создаваат, работат под полна пареа и сакаат тоа да го види и почувствува публиката. А публиката желна за музика како никогаш досега…

Сања Цинцева е една од многуте наши македонски пејачки кои со нетрпение чекаат да го продолжат животот во ритамот на музиката. Во меѓувреме таа не мирува и периодов сними нов музички проект составен исклучиво од српски песни….и тоа не случајно затоа што Сања е позната и на српската музичка сцена. Песните се изведени со поинакви и модерни аранжмани зад кои стои екипа која нема “промашување”…Мишел Трајковски, Антонио Тимчевски, Марко Дениќ, Ален Рамчевски, Ристе Плуковски, Илија Мијовски, Ферчо Мустафов, Далибор Ефтимовски и гостин на виолина, Хилми Баки. Истите се снимаа во живо во “Арт студио” – продукција, а аудио и пост продукцијата се работеа кај познатиот Љупчо Соколовски (City sound). Кога ќе се земе предвид екипата со која Сања го реализира овој музички проект заедно со нејзината ведрина и жежок темперамент, гледачите ќе бидат задоволни со тоа што ќе имаат можност да го видат и слушнат. Наскоро за сите љубители на песните кои носат добро и весело расположение…Сања Цинцева и оркестарот кој “дише во еден ритам”…