Почетна > Седум Осмини > На муабет кај Анита и “7/8”… посветена на нашиот Тоше

На муабет кај Анита и “7/8”… посветена на нашиот Тоше

///
Comments are Off

Тоше Проески…момче кое даваше повеќе отколку што имаше, музичка ѕвезда со армија обожаватели од сите балкански земји, ангел кој беше присебен додека беше овдека на земјата со нас, а потоа ненадејно не напушти…

Својата втора емисија “7/8”, BalkanMusicTv и нашата водителка Анита Даева му ја посветија токму нему, на нашиот Тоше Проески. Со своето присуство и сеќавања не почестија пејачите Наум Петрески, Марјан Стојановски, Бојан Маровиќ, Александра Јанева,неговите обожавателки Дона од Македонија,Ралица од Бугарија и дел од маратонците кои секоја година ја трчаат маршутата Нова Градишка-Крушево. Емисијата предизвика големо внимание како кај нашата публика така и во пишаните медиуми,овде и во соседството. Никој не остана рамнодушен на приказните и сеќавањата што гостите ги поделија низ пријатниот разговор со водителката Анита Даева,која со голема тага во гласот говореше како и секогаш кога станува збор за Тоше .Емотивните музички настапи на нашите музички гости во придружба на оркестарот на Златко Миладиноски предизвикаа силни емоции кај нашата публика, за што потоа долго се говореше. Затоа што сите тие беа дојдени,својата љубов кон него преку неговите песни да ја пренесат и на нашата публика. И тоа им успеа…

Ако беше сеуште жив, на 25 јануари 2020 година нашиот Тоше ќе наполнеше 39 години…ќе беше уште помудар одошто беше, ќе беше мега популарен, за него ќе знаеше целиот свет, ќе беше фамилијарен човек, сопруг, татко, пријател на пријателите и што уште не…ќе беше сето тоа што ни го дава животот….ќе беше…

Во негова чест и за ваша љубов во недела (19:30) повторно ќе имате прилика да ја погледнете емисијата “7/8”….минути на тажни и радосни сеќавања, минути посветени на неговите песни што секогаш делуваат на публиката како магија, минути за Тоше Проески…Не пропуштајте!!!