Деновите поминати околу подготовките за свадба се нешто што можеби истоштува, но дента “кога ќе удри тапанот”, велат дека се предходно се заборава. Понесени од музиката, обичаите, семејството и пријателите веднаш се влегува во една еуфорија која трае дури доцна во ноќта, а можеби и до раните утрински часови…
Во новото издание на “Моја свадба” ќе ги угостиме членовите на групата “Мераклии” и тоа сите комплет. Нашето студио ќе биде исполнето со евоцирање на спомени од свадбите на Оли, Георги, Ане и Ѓорге кои имаат интересни доживувања и случки поврзани за тоа…од земање невеста “малку подалеку”, од правење веселба покрај езеро, за многуте обичаи со цел да се задржи традиционалното. Групата “Мераклии” живее и работи долги години во Швајцарија и затоа ќе раскажат како се прават тамошните наши свадбени веселби и како реагираат странците на нив. Како и да е , ни следува една интересна емисија која ќе биде збогатена и со многу музика, како што е редот. За сите вас групата “Мераклии” ќе ја промовира својата хит-песна “Љубовта нема граници”, а ќе се испеат и бројни хитови од македонската ризница по нивни избор. Како ќе успее да се снајде нашата водителка Криси Тимовска со расприкажаните “мераклии за муабет и песна”, останува да видиме и слушнеме во премиерното издание на “Моја свадба” во недела (13:30). Не пропуштајте!!!