Почетна > Балкан > Марија Шерифовиќ – “Молитва” го доби својот вистински спот…

Марија Шерифовиќ – “Молитва” го доби својот вистински спот…

///
Comments are Off

Овогодинешното издание на “Песна за Евровизија” се одржа “онлајн” во Ротердам, без гласање и беше од ревијален карактер. На тој начин сите избрани учесници сепак успеаја да се представат пред светот со своите нумери. Трагајќи по нешто ново и поразлично од другите изданија, оваа година организаторите контактираа пет земји поранешни учеснички кои исто така низ видео записи ги потсетија гледачите на своите песни. Меѓу тие земји се најде и нашиот сосед Србија која пред тринаесет години триумфираше со песната на Марија Шерифовиќ насловена како “Молитва”. И се чини дека токму таа го привлече целокупното внимание на светската јавност со својот видео запис за кои многумина рекоа дека е трогателен и истовремено воздигнувачки…

Самата Марија Шерифовиќ за медиумите изјави: ”Ни беше чест затоа што не повикаа да бидеме дел од ова големо шоу. Нашата идеја беше во тие кратки, но значајни три ипол минути да бидеме најдобри и успеавме во тоа. Тоа го заклучив подоцна кога ги прочитав сите коментари и натписи во медиумите. Јас и мојата екипа во тие минути успаевме на сите 200 милиони гледачи да им го прикажеме нашиот Белград, да им ја испратиме нашата јасна порака и се разбира дури на крајот да ја слушнат повторно мојата песна. Не ни беше сеедно кога го прегледувавме материјалот со празните улици, но сепак заклучивме дека имаме преубав велеград. И после 13 години од моето учество на Евровизија, можам слободно да кажам дека за жал дури сега песната “Молитва” го доби својот вистински видео запис”…