Почетна > Македонија > Костадин Крстески – Насмевката кажува се…

Костадин Крстески – Насмевката кажува се…

///
Comments are Off

Колку сме музички талентирани на ова наше поднебје, постојано докажуваат новите млади генерации за кои допрва ќе се зборува наголемо. Тоа секако се должи и на добрите учители кои својата љубов кон музиката за среќа сеуште имаат на кого да ја пренесат…и секако не смее да згасне…

Костадин Крстески е пример како музикалноста и дарбата треба да се потикне и прикаже пред јавноста, не чекајќи ги годините на зрелост. Пред крајот на минатата година тој на нашата публика им подари две нови ора, “Кичевска Саса” и “Мераклиска румба” за кои музиката ја напиша самиот тој, а аранжманите ги “закити” нашиот познат маестро Златко Миладиноски. Инаку младиот Костадин ни доаѓа од кичевскиот крај од каде потекнуваат и многу други наши познати естрадни уметници. Средно музичко училиште има завршено во Битола, а моментално е студент на факултетот за музичка уметност во Скопје. Љубовта кон традиционалната народна музика го води напред кон нови музички проекти за кои вели дека ќе ги има уште многу во оваа тековна 2020 година. А потоа здравје боже, Костадин има желба сите негови ора да ги собере во својот прв албум кој секако ќе биде големо освежување за сите љубители на инструменталната музика. Со среќа наше младо насмеано момче!!!