Почетна > Ексклузивно > Каде и да сте, вечер за “ShowROOM 2” дома да сте…

Каде и да сте, вечер за “ShowROOM 2” дома да сте…

///
Comments are Off

Ние го имаме рецептот за одлично помината музичка вечер…но мора да нагласиме дека истиот излегува успешно ако “се користат” само добро потковани и докажани музички изведувачи и инструменталисти. По примерот на првото “ShowROOM” кое ја покажа желбата и носталгијата на публиката по хитовите кои не се забораваат, ние ви го нудиме повторно рецептот за успешно осмислена и реализирана музичка емисија…

– Расположени за песна – Сања Димова, Драгана Јорданова (воедно и пратечки вокал на сите учесници), Филип Василевски, Чеде Спасиќ, Живе Мешуревски, Секо, Иван Милевски и Адил Алуш…

– Музичка придружба која може само да се посака – Мишел Трајковски, Ален Рамчевски, Далибор Ефтимовски, Идает Сејфулов, Тодор Ушитков, Антонио Тимчевски, Дарјан Дунчевиќ, Пепи Милевски и како гостин еден од нашите најпознати виолинисти, Хилми Баки…

– Аудио мајстор (за да биде исто како оргиналот) – Љупчо Соколовски (City sound), што воедно ветува дека и овие музички хитови ќе звучат беспрекорно како и секогаш…

– Визуелен амбиент – “Арт студио” – продукција, затоа што се најдобри кога се во прашање музичките емисии…

– место на настанот – BalkanMusicTv (20:00)…

Ако сте романтични во душа и носталгични во срце, “ShowROOM 2” повторно ќе ве освои, расположи и музички ќе “ве стопли”….затоа што само BalkanMusicTv секогаш го знае вистинскиот пат до вашето срце и душа…и се разбира, што треба музички да се слуша!!!