Ако некој на свои 68 години може да пее и изгледа сеуште како во помладите години, тоа сигурно е само еден и единствениот Здравко Чолиќ. За него велат дека прави посебна магија на своите концерти за кои секогаш се бара карта повеќе. Така беше и овојпат кога беа планирани на почетокот само два концерти во белградската “Штарк арена”. Набргу поради големиот интерес се закажаа уште два кои се одржаа викендов, и верувале или не следат уште два концерта на 27-ми и 28-ми декември. Со тоа Здравко Чолиќ ќе стане првиот кој го урнал рекордот и станал пејач со најмногу распродадени “Арени”. А обожавателите пресреќни, велат дека на секој настап ги има од целиот регион па дури и пошироко…
Вечниот “дечко”, како што знаат многумина да го наречат Чолиќ, своите концерти подеднакво ги “истерува” до крај…со истата енергија,љубов и чувства кои знаат да ве понесат ако сте таму, на лице место. Тоа се концерти каде сите на глас ги пејат буквално сите песни од прва до последна, тоа се концерти кои траат минимум три часа и публиката бара уште повеќе. Тој е пејач,човек,уметник кој не го работи тоа туку-така колку да помине, секој негов настап е подеднакво со иста жар како предходниот. Се разбира, голема заслуга за тоа имаат и неговиот музички бенд, пратечките вокали и танчерките со кои тој соработува долги години…
Со право Здравко Чолиќ е една од најголемите музички ѕвезди на Балканот. Во атмосферата што владее на неговите настапи во живо можете да уживате и на нашата BalkanMusicTv во рубриката “On stage”…