Овие момци се познати по музиката и веселбата, па неминовно е да ве запознаеме со новите проекти на бендот „Екстра Бенд Плус”.
Во соработка со „Арт студио” продукција, момците се фрлија на работа и подготвија доста нови проекти. Станува збор за нови авторски песни кои што се снимаа деновиве, една од нив е „Ај со среќа свадба”.
Весело да биде, тапан нека чука… Во нивен стил, весела песна која што уште сега знаеме дека ќе се слуша непрестано по свадбите и веселбите.
Освен оваа авторска песна, снимија уште една под името „Ај засвирете музичари” исто така во соработка со „Арт студио” продукција и најзабавниот дел од овие проекти е орото „Екстра чочек”. За момците од бендот следува забавен период каде што ќе ги промовираат своите нови проекти.
Стапивме во контакт со нив и најмногу не интересираше дали снимањето помина забавно како и самите песни.
-Неможеме да кажеме дека немаше доза на умор, но главна беше самата забава додека снимавме од причина што такви се и самите проекти. Од „Арт студио” продукција oсвен голема професионалност добивме и неизмерен квалитет на крајот, нашите соработки нема да застанат тука. – изјавија тие за „Балкан Мјузик ТВ”.
За во иднина не ни открија за нивните планови и за тоа што се подготвуваат, но ни открија дека нивна желба за во иднина е да посетат некој од поголемите фестивали.
Ние искрено им посакуваме оваа желба да им се отствари што е можно побрзо, а до тогаш се забавуваме со нивните нови песни.