Почетна > Балкан > Две години од заминувањето на балканската ѕвезда Шабан Шаулиќ…

Две години од заминувањето на балканската ѕвезда Шабан Шаулиќ…

///
Comments are Off

Ова е ден кога сите оние што го познавале ненатпеаниот Шабан Шаулиќ ќе споделат понекоја заедничка фотографија и ќе напишат топли зборови за својот пријател, колега, татко, сопруг… Него го нарекуваа “кралот на народната музика” и можеби со право, затоа што ретко кој можеше да го отпее неговото. На почетокот на кариерата за него песните ги пишуваше прочуениот хармоникаш Будимир Јовановиќ со кого Шабан соработуваше се до 1975 година. Потоа открива дека има талент и за компонирање па така почнува самиот да си ги пишува песните. Песната “Увенуче нарцис бели” ќе биде првата негова песна песна која ќе направи бум на српската музичка сцена и ќе се продаде во 100 000 примероци. Подоцна ќе настанат уште многу големи и безвременски хитови кои Шабан Шаулиќ секогаш ги пееше со истата жар во текот на својата 50 – годишна кариера…”Доџи да остаримо заједно”, “Како си мајко”, “Жал”, “Одлазиш, одлазиш”, “Снег је опет Снежана”, “Био сам пијанац”, “Два галеба бела”, “Тебе да заборавим” и многу, многу други.

На кобниот 17 февруари 2019 година Шабан настрада во сообраќајна несреќа на патот за Дортмунд, во близина на Билефелд каде претходната вечер имал концерт. По несреќата бил хитно префрлен во болница каде им подлегнал на тешко здобиените повреди.

Сите големи музички ѕвезди по својата смрт живеат преку песните што ги оставиле зад себе. За тоа се заслужни оние изведувачи што ги пеат на своите настапи, но и медиумите кои ги емитуваат за да не потсетат. BalkanMusicTv честопати во својата рубрика ON STAGE ги потсетува сите обожаватели на Шабан Шаулиќ и неговите настапи во живо, секогаш пред повеќеилјадна публика и насекаде низ целиот Балкан.