Силвана Арменулиќ (18 мај 1939 год. Добој – 10 октомври 1976 год. Колари, Смедерево) – позната југословенска пејачка на народна музика…
Има хитови кои траат вечно, без оглед на тоа од кој жанр потекнуваат….само некогаш во еден момент совршено се вклопиле еден текст, една музика и гласот на пејачот/ката. Таков е случајот и со мега хитот “Шта че ми живот” кој своевремено го испеа познатата Ју пејачка Силвана Арменулиќ и еве до ден денешен сеуште се пее низ сите земји на Балканот. И остана како песна на скршените срца, на сите оние кои сакаат, ама не се сакани…во љубовта…
Нејзината прерана смрт ги шокираше сите што ја сакаа, а таа беше обожавана не само поради гласот, туку и поради начинот на облекување, однесување и несекојдневната убавина. Несреќата се случила на 10.10.1976 година на автопатот Белград-Ниш кога Силвана имаше само 37 години, а заедно со неа во смрт заминаа нејзината сестра Мирјана и Раде Јашаревиќ, шеф на Народниот оркестар на РТ Белград. Со нив на заеднички концерт требало да патува и колешката, пријателка Лепа Лукиќ, но се успала и не тргнале заедно. Подоцна дознала за несреќата од новинарите, сето тоа го доживеала многу тешко и долго време не можела да се помири со вистината. Инаку Силвана уште на 16 години заминува од родното место во Сараево кај својата тетка и почнува да пее по кафеаните. Подоцна станува една од најпопуларните пејачки на Балканот, а еден од нејзините мега хитови кој ја вивна до звездите беше песната на Тома Здравковиќ “Шта че ми живот” кој се продаде во тоа време за неверојатни 300 000 примерока. Во 1961 година се омажи за познатиот југословенски тенисер Радмило Арменулиќ без знаење на неговите родители, стравувајќи дека нема да ја одобрат неговата љубов со една кафеанска пејачка. Потоа им се раѓа ќерката Гордана која на само 12 години, останува без својата мајка Силвана. Во една од своите тогашни изјави за својата сопруга Радмило ќе каже:”Таа беше бескрајно храбра жена и од ништо не се плашеше. Сакаше брз и динамичен живот, а како сопруга и мајка беше многу нежна и внимателна”…
За сите несреќни љубови и срца…Анета и група “Молика”…уживајте!!!