Почетна > Македонија > Група “Круна” – нова бомбастична музичка дружина…

Група “Круна” – нова бомбастична музичка дружина…

///
Comments are Off

Ако сакаме да ја заборавиме годината што измина, треба веднаш да се зафатиме со нови проекти и да чекориме со големи чекори. Само така можеме да ја надокнадиме празнината што ни ја остави предходната година, која за музичарите и изведувачите беше исклучително тешка и полна со многу искушенија и надеж. А надежта е таа што сите не држи “на површината” и фала богу што постои во сите нас, па и во музичарите…

И ете, нова надеж за ново музичко освежување на македонската фолк сцена ни нуди и една бомбастична комбинација која себеси се нарече група “Круна”. А во неа искалени и докажани музичари… Орде Неделковски (вокал), Џељо Дестановски (зурла, кавал, гајда и бас сајзер), Роберт Спасенцовски (хармоника), Али Махмудов (саксофон) и Влатко Китановски (ударни инструменти). Сите тие деновиве работеа на своето прво музичко шоу во соработка со “Арт студио” – продукција и BalkanMusicTv. Истото ќе ја донесе убавата песна и празничната радост во домовите на нашите гледачи за време на божиќната вечер преку многуте музички сплетови и ора. Сега за сега, група “Круна” ja промовираше само својата прва песна “Ти си ми се” за која текстот и музиката ги напиша Флори Манев, а аранжманот го направи Џељо Дестановски. Песната ни го носи препознатливиот и популарен звук на 90-те, но членовите на групата најавија дека низ својата музика ќе ги негуваат сите стилови.

Еуфоријата, возбудата и почетокот на Новата година ја понесе оваа весела и позитивна музичка дружина, па така тие веднаш се зафатија со работа на материјал за нови песни и ора. Нивното ветување дека “неуморно ќе чекориме напред и ќе твориме колку што можеме повеќе”, веќе е зацртано пред своите обожаватели. Ако се суди по составот на екипата, посветеноста и љубовта кон музиката и првиот нивни хит кој веднаш влегува во уво, можеме и во иднина да очекуваме уште многу хитови, ора и изведби од група “Круна”…белким по утрото и денот се познава!!!

Не пропуштајте…Божиќно шоу на група “Круна” само на BalkanMusicTv!!!