Почетна > Македонија > “Говорот на телото” – ново БУМ на Елена Велевска…

“Говорот на телото” – ново БУМ на Елена Велевска…

///
Comments are Off

Уште не стивнати впечатоците од последната “Зоро моја румена” на Елена Велевска, еве не со нејзино ново “шок” изненадување…пријатно се разбира. Со чувство на моментот кога треба да се направи вистинскиот потег таа уште еднаш ни докажа како треба да се одржува континуитетот на музичката сцена. А таму пак работите стојат вака…се почесто публиката прифаќа песни од минатото и во денешно време им го дава заслуженото внимание и популарност. Но за тоа е потребно “коцките” да се наредат и да се почувствува пулсот на слушателите, кои рака на срце некогаш знаат да бидат и многу пребирливи…

“Говорот на телото” е песна која Елена Велевска ја има снимено уште во 2003 година, песна која беше забележана уште тогаш, но не со потребното внимание. Затоа таа реши да ја “разбуди” со еден видео запис и така комплетна повторно да ја понуди на своите обожаватели. Задоволна од тогашната продукција, Елена истата ја остави во оргиналната верзија за која се погрижија Дејан Момировски (текст и аранжман) и Ѓорѓи Калајџиев (текст). Затоа пак енергијата ја насочи кон видео записот кој го работеше со голем тим околу себе на чело со Бане Поповиќ. Исто така за прв пат на нашата фолк естрада “Говорот на телото” е првото вертикално видео што уште на почетокот го прави различно од останатите. Направено со слатка доза на умерена еротика оваа видео приказна зад себе крие силни и впечатливи зборови кои вие драги гледачи ќе ги воочите по неколку гледања на истата…Откако ќе престане хипнозата!!!