Почетна > Македонија > Александар Ицов со промоција на новото разиграно оро “Братски мерак”…

Александар Ицов со промоција на новото разиграно оро “Братски мерак”…

///
Comments are Off

Секогаш кога во музичкото шоу “7/8” ни гостува нашиот музички пријател Александар Ицов, тој со своите изведби ни ја разубавува и збогатува емисијата, било како солист или како придружба на друг изведувач. Неговата дарба за свирење на хармоника, гајда, зурла, тамбура и кавал ни посочува дека станува збор за еден сестран, успешен инструменталист кој во блиска иднина на својата публика ќе и го понуди својот прв солистички албум… и уште многу други потоа.

Деновиве Александар го промовира своето ново оро насловено како “Братски мерак” кое на прво слушање остава пријатен впечаток со својата динамика и мелодија. За тоа е заслужен нашиот познат хармоникаш Сашко Велков кој ги напиша музиката и аранжманот, а како гостин на труба свое учество зема исто така познатиот Демир Кантуровски. Разиграноста на мелодијата е одлично вклопена во видео приказната низ убавите предели на Маврово, Галичник и Охридско во реализација на ИН – продукција. Како круна на се е одличното владеење со хармониката од страна на Александар Ицов без чија изведба овој видео запис не бил тоа што е…уште едно пријатно музичко уживање за сите оние кои ја сакаат инструменталната музика, а ги има многу.