Почетна > Балкан > Година дена од трагичната смрт на Шабан Шаулиќ

Година дена од трагичната смрт на Шабан Шаулиќ

///
Comments are Off

Како вчера да беше кога целиот Балкан го затече веста дека популарниот фолк пејач Шабан Шаулиќ загинал во сообраќајна несреќа во Германија.Тоа се оние моменти кога не е за верување тоа што си го слушнал и чекаш нова вест, па уште една итн. за на крај да сватиш дека се е вистина. И како рекле, човек е спремен за лошото кога на некого му се изброени деновите, ама за оние кој до последен момент работат, трчаат и пеат стигнувајќи на сите страни, шокот е многу поголем…

Ова е ден кога сите оние што го познавале ненатпеаниот Шабан Шаулиќ ќе споделат понекоја заедничка фотографија и ќе напишат топли зборови за својот пријател, колега, татко, сопруг… Него го нарекуваа “кралот на народната музика” и можеби со право, затоа што ретко кој можеше да го отпее тоа што можеше тој. На почетокот на кариерата за него песните ги пишуваше прочуениот хармоникаш Будимир Јовановиќ со кого Шабан соработуваше се до 1975 година. Потоа открива дека има талент и за компонирање па така почнува и самиот да си ги пишува песните. Песната “Увенуче нарцис бели” ќе биде првата негова песна песна која ќе направи бум на српската музичка сцена и ќе се продаде во 100 000 примероци. Потоа настануваат уште многу големи хитови кои Шабан Шаулиќ со истата жар секогаш ги пееше во текот на својата 50 – годишна кариера…

Сите големи музички ѕвезди по својата смрт живеат преку песните што ги оставиле зад себе. За тоа се заслужни сите оние изведувачи што ги пеат на своите настапи, но и медиумите што ги емитуваат за да не потсетат. BalkanMusicTv честопати во својата рубрика ON STAGE ги потсетува сите обожаватели на Шабан Шаулиќ за неговите настапи во живо секогаш пред повеќеилјадна публика низ целиот Балкан…