Дали се раѓа нов летен хит? Фановите на Анета Љумаковска веќе гласно си го поставуваат ова прашање – и тоа со добра причина. Со вчерашната премиера на нејзиниот нов видеоспот за песната „100 по Рихтер“, музичката сцена на Балканот доби свежа доза летна енергија која ветува заразен ритам, модерна продукција и визуелен шмек што плени уште од првиот кадар.
Песната, чиј наслов сам по себе вели многу, веднаш го привлече вниманието – видеото собра речиси 7.500 прегледи само за неколку часа, а социјалните мрежи се веќе полни со споделувања, позитивни коментари и кратки клипови од фанови кои ја пеат или танцуваат на неа.
Со препознатливиот глас на Љумаковска, модерниот аранжман и текстот кој веднаш останува во глава, „100 по Рихтер“ има сè што и треба на една летна песна – заразна мелодија, рефрен што се пее во еден здив и визуелна приказна што го доловува духот на летото.
Спотот, снимен на неколку урбани и летни локации, е вистинска разгледница од сезоната – со сонце, бои, младешка енергија и динамика што го држи вниманието до самиот крај. Љумаковска изгледа самоуверено, природно и – како што велат фановите – „како ѕвезда на интернационално ниво“.
Дали ова ќе биде најслушаната песна на летото? Одговорот сè уште го немаме – и мудро ќе молчиме додека публиката зборува. Но ако се суди според првичниот одек, реакциите и бројките, „100 по Рихтер“ на Анета Љумаковска е веќе во срцето на многу слушатели.
Текстот го подготви: ПР тимот на Балкан Мјузик