Велат дека човечки е да се простува. Човечки е да се сака. А токму Прочка е денот кога срцата се отвораат, рацете се подаваат и зборовите „прости ми“ и „простено да ти е“ добиваат вистинска смисла.
Во духот на овој голем христијански празник, музичкиот серијал „На Здравје“ и овој пат носи посебна празнична приказна за својата верна публика. На 22 февруари (Прочка), точно во 20 часот, на програмата на најгледаната музичка телевизија Балкан Мјузик, гледачите ќе имаат можност да уживаат во специјално празнично издание исполнето со емоции, дружење и квалитетна македонска музика.
Во студиото на „На Здравје“ ќе продефилираат добро познати и сакани музички имиња, кои преку песна ќе ја пренесат пораката на празникот – љубов, разбирање и простување. Како и секогаш, емисијата останува верна на својата мисија: да ја негува и промовира македонската песна, традиција и дух.
Празничната атмосфера, искрените разговори и внимателно одбраната музика ветуваат вечер која ќе се памети, а која уште еднаш ќе потсети дека простувањето е сила, а не слабост.
„На Здравје“ – 22 февруари, Прочка, точно во 20:00 часот на Балкан Мјузик. Простете за да ви биде простено.
Текстот го подготви: Иван Јосимовски






