Почетна > Балкан > Љубовта што остана: Карлеуша со емотивна порака до мајката на поранешниот сопруг

Љубовта што остана: Карлеуша со емотивна порака до мајката на поранешниот сопруг

///
Comments are Off

Јелена Карлеуша, по разводот со Душко Тошиќ, отворено проговори за своите чувства и за врската што ја задржала со неговата мајка, Николета. И покрај тешките моменти и крајот на 16-годишниот брак, пејачката со емотивни зборови и благодарност ѝ се обрати на жената која останала важен дел од нејзиниот живот.

„Најмногу ја сакам Николета, мајката на Душко. Можам да кажам дека многу ме сака и дека ми е жал за сѐ што минува како жена која не е виновна за ништо и која сите овие години минува низ многу бурен и тежок период, меѓу другото и поради мене. Ја поздравувам и многу ја бакнувам. Ви благодарам за сета љубов“, изјави Карлеуша во емисијата „У рингу“.

Пејачката не го криеше разочарувањето од начинот на кој се случил разводот, но истовремено покажа дека љубовта и почитта кон семејството на поранешниот сопруг не згаснуваат со потпишаните документи.

Може да ви се допаѓа и
12 години без Војо Стојановски – гласот што ја пееше душата на Македонија (Видео)
Неделна магија со „На Здравје“ – музика, емоции и македонска душа на едно место (Видео)
Верица Ристевска – гласот што со „Летај галебе“ ја обележа македонската музика
„Не буди ме зоро“ музичко првенче на Деан Стојановски создадено со страст и пријателство (Фото-Видео)