Почетна > Македонија > 35 Години Шанел – Битола: Голем музички фолк спектакл „Ревијален телевизиски фестивал“ на 13-ти август (Фото+Видео)

35 Години Шанел – Битола: Голем музички фолк спектакл „Ревијален телевизиски фестивал“ на 13-ти август (Фото+Видео)

///
Comments are Off

Во срцето на летото, Битола ќе биде домаќин на еден од најочекуваните музички настани на годината – „Ревијален Телевизиски Фестивал“, што ќе се одржи во среда, 13-ти август, со почеток во 20:30 часот на ракометното игралиште во Битола.

Овој спектакл е во организација на модното студио Шанел од Битола, кое годинава слави 35 години постоење и организација на музички и културни настани, во соработка и под раководство на реномираниот македонски естраден менаџер Пикси.

На бината ќе се искачат најголемите и највлијателни имиња од македонската фолк сцена. Публиката ќе има можност во живо да ги слушне омилените фолк хитови, кои низ годините станале дел од македонското музичко наследство. Меѓу потврдените учесници се: Јордан Митев, Благица Павловска, Туше, Татјана Лазаревска, Елена Велевска, Влатко Алексовски, Дејан Чуле, Група Маестрал, Анета Арсова, Ташко Каранфиловски, Ангела Влинтовска и уште многу други изведувачи кои ќе ја збогатат вечерната музичка програма со незаборавни настапи. Водители пак на овој настан се секогаш оргиналните, духовити и незаменливи Саше и Валентина од „Солза и смеа“.

Медиумски партнер на фестивалот е Балкан Мјузик – водечка македонска музичка телевизија, која активно промовира домашна музика низ целиот Балкан и пошироко. Нивната професионална продукциска екипа ќе го сними, монтира и емитува фестивалот на својата телевизиска платформа, овозможувајќи доживување и за оние што нема да бидат физички присутни.

Цените на влезниците се достапни и прилагодени за сите љубители на македонската музика: 300 денари – Трибина и 500 денари – ВИП зона (пред бина). Влезници можете да набавите на следниве локации:

  • Tobacco Brothers (наспроти Веро – Битола)
  • Штанд пред кафулето Пајтон (навечер)
  • За резервации на влезници: 070 350-222

Овој фестивал не е само концерт – тој е празник на македонската фолк музика, но и јубилејно одбележување на 35-годишната успешна работа на Модното студио Шанел, кое низ децении создаваше, поддржуваше и организираше настани што оставија трага во македонската културна сцена. Подгответе се за вечер исполнета со музика, емоции и македонски ритми, во вистински летен амбиент. „Ревијален Телевизиски Фестивал“ ветува незаборавно искуство за сите генерации.

Текстот го подготви: ПР тимот на Балкан Мјузик телевизија

Може да ви се допаѓа и
Голем успех за Македонија – Д-р Јове Кекеновски ќе ја претставува Македонија на Светскиот трофеј за хармоника во Франција (Фото)
Есенска хармонија, добра македонска музика и искрени наздравици – нова епизода на „На здравје“ во недела само на Балкан Мјузик (Видео)
Ексклузивно: „Анета Бенд“ премиерно во најновата епизода од музичкиот серијал „На Здравје“ само на најгледаната Балкан Мјузик телевизија (Фото)
Македонско село во боите на песната – Со „На Здравје“ започна новата петта сезона, македонската песна повторно во центарот на вниманието (Фото)