Почетна > Балкан > Додека ние броевме секунди – ѕвездите броеја евра: Најскапите балкански настапи за Новата 2026 година

Додека ние броевме секунди – ѕвездите броеја евра: Најскапите балкански настапи за Новата 2026 година

///
Comments are Off

Дочекот на Новата 2026 година уште еднаш потврди дека празничната ноќ не е само симбол на нов почеток, туку и најскапиот музички термин во годината. Додека публиката броеше секунди до полноќ, регионалните ѕвезди броеја – евра. Според податоци објавени од медиумите на Балканот, пред и веднаш по дочекот, најбараните пејачи за само неколку часа настап инкасирале суми од кои „врти глава“, а некои и поставија нови рекорди.

Без поголемо изненадување, највисокиот хонорар повторно му припадна на Дино Мерлин. Настапот на плоштадот во Дубровник, каде што ја дочека Новата 2026 со илјадници фанови, според јавни извори се проценува на околу 150.000 евра – сума што веќе со години се смета за недостижен рекорд во регионот.

Црногорското приморје и оваа година беше магнет за естрадата.

  • Ацо Пејовиќ за новогодишната ноќ заработил околу 80.000 евра,
  • Лепа Брена настапи во Тиват за ист хонорар,
  • додека Саша Матиќ и Јелена Розга се вклопија во распон од 30.000 до 40.000 евра.

Најскапа меѓу дамите на приморјето била Александра Пријовиќ, која по едногодишна пауза се врати на сцената со стил – и со наводен хонорар од дури 100.000 евра.

И другите изведувачи не поминаа лошо:

  • Дејан Матиќ ја чинел општина Чајетина околу 48.000 евра,
  • Бресквица заработила приближно 50.000 евра,
  • додека Џејла Рамовиќ инкасирала околу 25.000 евра.

Во Белград, Сандра Африка настапи во елитен угостителски објект, каде билетот чинеше 50 евра, но вистинскиот „шок“ беше минималната потрошувачка – од 150 до дури 1.000 евра по маса, во зависност од позицијата.

Едно е сигурно – додека публиката ја славеше Новата година со шампањ и огномети, регионалната естрада ја започна 2026 година со дебели хонорари и уште подебели насмевки.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Пред 8.000 илјадна публика Борче Наумовски – Министерот за естрада и Нокаут ја раздвижија Битола до последна секунда (Фото)
DaCapo Band со нов вокал, два нови музички проекти и голема февруарска прослава (Фото)
Наздравуваме со македонската естрада: Балкан Мјузик ТВ со спектакуларна новогодишна програма со над 70 македонски ѕвезди во празнично издание (Видео)
30 години „Биоритам“: Нови снимања, нов вокал и концертна година во најава (Фото)