Македонскиот гитарист Владимир Василевски – Четкар на 8 мај ќе го промовира својот нов албум „Let Us Be“ со концерт во „Јавна соба“ во Скопје. Настанот започнува во 22 часот, а публиката ќе има можност да ужива во новиот материјал кој веќе освои внимание на светските музички платформи.
Албумот „Let Us Be“ официјално беше издаден на 19 јануари глобално, откако претходно беше достапен ексклузивно во Јапонија преку реномираната музичка куќа „P-Vine Records“. Ова е четврти студиски албум на охридскиот уметник, на кој Четкар се потпишува како комплетен автор – композитор, аранжер, продуцент, текстописец, диригент и изведувач. Албумот е сниман во две американски студија, во Чикаго и Милвоки, со богати гудачки, дувачки и ритам секции.

Пред настапот на Четкар, од 21 часот атмосферата ќе ја загрее диџеј Пејчи со свој специјален сет. Билетите за концертот се достапни преку продажната мрежа на drugastrana.mk.