Почетна > Арт Студио Продукција > Емоција на дело: Браќата Горѓи и Столе Поцкови со животна приказна преточена во песна и спектакуларен видеоспот (Фото)

Емоција на дело: Браќата Горѓи и Столе Поцкови со животна приказна преточена во песна и спектакуларен видеоспот (Фото)

///
Comments are Off

Браќата Горѓи и Столе Поцкови, членови на „Екстра Бенд – Вукица“, годинава се претставија на „Фолк Фест Валандово“ со песна која за нив има посебно, длабоко лично значење – „Крвта вода не бидува“. Нивната нова нумера, со текст на Горги Калајџиев и музика и аранжман на Љупчо Соколоски, претставува вистинска музичка автобиографија – приказна за двајца браќа кои од најмала возраст, рамо до рамо, чекорат низ животот и заедно го создаваат својот музички пат.

Спотот за оваа песна се снимаше на повеќе автентични локации во селото Смиланци, Радовиш, под режисерска палка на еден од најдобрите – исклучителниот Дејан Георгиев и Арт Студио продукција. Во визуелното остварување учествуваат и играорците од КУД „Злевски бисери“, како и родителите на музичарите, што му дава дополнителна емотивна тежина и домашна топлина. Снимањето траело околу 4–5 часа активна работа, а резултатот е визуелно богата приказна која ја доловува суштината на нивниот заеднички животен и музички пат.

Горѓи и Столе со години настапуваат низ цела Македонија, но и надвор од државата, а „Екстра Бенд – Вукица“ станува сè побаран поради препознатливата енергија, искрената интерпретација и вистинскиот контакт со публиката. Како што откриваат за Балкан Мјузик за дочекот на претстојната Нова година, бендот ќе настапи во „Две Липи“ – Делчево, каде што веќе традиционално се собира бројна публика.

Новата песна е само уште еден доказ дека искрените семејни приказни и вистинската страст кон музиката секогаш наоѓаат пат до срцата на слушателите. Браќата Горѓи и Столе Поцкови продолжуваат да градат приказна која инспирира – приказна во која музиката е мост, а братството темел.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Љубов, музика и историја: Приказна за легендата наречена „Мањифико“ (Фото+Видео)
Со емоционална изложба Елеонора Мустафовска ја слави Есма Реџепова во Белгија (Фото)
Глас што не замолкнува: Приказната за Пепи Бафтировски (Видео)
Велигден со убава македонска музика: „На здравје“ ви носи празнична магија на Балкан Мјузик ТВ (Видео)