Почетна > Македонија > Специјална музичка програма за Илинден на Балкан Мјузик: Концерти, премиери и златни македонски гласови (Видео)

Специјална музичка програма за Илинден на Балкан Мјузик: Концерти, премиери и златни македонски гласови (Видео)

///
Comments are Off

Во чест на најголемиот македонски празник – 2 Август – Илинден, Балкан Мјузик телевизија и оваа година подготви ексклузивна празнична музичка програма посветена на сите Македонци, на нашата земја, нашата историја и сето она што нѐ прави горди.

Телевизијата која отсекогаш била верна на традицијата и македонската песна, започнува со специјалната програма на 2 Август, точно во 13:00 часот, со емитување на големиот концерт „Македонијо, во срце те носиме“ што се одржа во Македонската филхармонија. На оваа сценска магија ќе ги слушнете незаборавните македонски народни песни, изведени од некои од најголемите македонски гласови: Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Наум Петрески, Зуица Лазова, Бојана Скендеровски… и многу други.

Емотивен концерт, силна порака и нота која директно допира до душата на секој Македонец – каде и да се наоѓа.

Во 14:00 часот следува премиерата на новата песна и видеоспот на Анета Љумакоска „100 по рихтер“, а во 18:00 часот – премиерата на патриотската химна „Ние сме Македонци“ од Група Круна, која ќе се емитува неколку пати во текот на денот. Двете видеа се создадени со силна љубов кон македонската земја и вредности, и се вистински пример за тоа како музиката станува глас на народот.

За завршница на овој свечен ден, ве очекува уште еден врвен музички настан – концертот на Лени Партикова и пријателите, кој ќе се емитува околу 21:00 часот, одржан минатата година на сцената на Македонската опера и балет. Лени заедно со своите музички пријатели, интерпретира дел од најубавите и најпознатите македонски песни, во аранжмани кои ќе ве остават без здив.

Подгответе си нешто вкусно, разладете го омилениот пијалок, соберете ја фамилијата – и уживајте во незаборавна домашна музичка забава, исполнета со љубов, гордост и македонски ритам.

Не заборавајте: оваа програма е направена специјално за вас – Македонците, насекаде низ светот!

Текстот го подготви: ПР тимот на Балкан Мјузик ТВ