Почетна > Арт Студио Продукција > „Свадбена приказна“ – нов музички проект на фолк пејачот Бобан Цаневски што ја раскажува македонската свадба низ песна (Фото)

„Свадбена приказна“ – нов музички проект на фолк пејачот Бобан Цаневски што ја раскажува македонската свадба низ песна (Фото)

///
Comments are Off

Во соработка со Балкан Мјузик телевизија, фолк пејачот Бобан Цаневски го претставува својот нов, автентичен и личен проект насловен „Свадбена приказна“ – музичко-сценски концепт кој ја доловува суштината на една традиционална македонска свадба, преточена во компактна и динамична форма од 50 минути.

Проектот е целосно авторска замисла на Цаневски, а на сцената го следи неговиот бенд, со кој заеднички создаваат атмосфера што потсетува на вистинска свадбена веселба. „Свадбена приказна“ е внимателно структуриран настап кој ги опфаќа сите клучни моменти од македонскиот свадбен обичај – од песните посветени на невестата и младоженецот, преку традиционалниот обреден дел, па сè до забавниот сегмент со модерна свадбена музика.

Како пејач со долгогодишно искуство на македонските свадби, Бобан Цаневски вели дека токму таа практика била инспирацијата за создавање на овој проект – да се зачува духот на традицијата, но и да ѝ се даде современ сценски формат, прилагоден за фестивали, манифестации и културни настани.

Годинава, Цаневски беше дел и од „Роса Фест“, каде што настапи со песната „Ти си ми се“ од авторот Бојан Биневски, оставајќи силен впечаток кај публиката. Дополнително, неговата победа во популарното музичко шоу „Никогаш не е доцна“ уште еднаш ја потврди неговата вокална моќ и сценска зрелост.

Периодов што следи најавува и нови соработки и проекти со македонски поп и фолк пејачи, со што Бобан Цаневски продолжува активно да ја гради својата кариера и да вложува во македонската музичка сцена.

Со „Свадбена приказна“, тој не нуди само настап – туку доживување, емоција и потсетник на богатството на македонските свадбени обичаи, раскажани преку песна.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски